„Гласот на славејот“ - концерт на Филхармонијата со сопранот Милена Арсовска

Македонската филхармонија вечер ќе изведе симфониски концерт насловен „Гласот на славејот“ под диригентство на Даниел Рајскин од Русија, на кој како солист ќе настапи сопранот Милена Арсовска - меѓу најистакнатите македонски вокални уметници со успешна меѓународна кариера.
Филхармонијата најави дека првпат на македонската музичка сцена ќе биде изведено делото Три песни за сопран и оркестар од аргентинскиот современ и мошне влијателен композитор Освалдо Голијов, кој е познат по својата музичка хибридност - комбинација на традиционалната камерна музика, еврејските литургии и музиката клезмер со примеси на новото танго на Астор Пјацола.
Премиерно Филхармонијата ќе го изведе и делото „Хипнагогија во Тулијанум“ на младиот македонски композитор Никола Крстевски, кое ја освои првата награда на конкурсот на Министерството за култура во 2015 година.
На концертот „Гласот на славејот“ ќе биде изведена и Симфонија бр. 5 оп. 55 во б-мол „Херојска“ од рускиот композотор Александар Глазунов која е опишана како „прекрасна архитектонска поема“.
Ново на Сител
-

УНИЦЕФ: За седум дена на Блиски Исток загинале околу 200 деца
-

Трамп: Не сум загрижен за зголемувањето на цените на бензинот поради војната со Иран
-

Хегсет: Само што почнавме и ќе се бориме колку што е потребно
-

Без струја делови од Центар и Карпош
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
