Џет-Сет
6. November 2015 - 10:40

Гласини: Амал Клуни е бремена

Деновиве се појавија гласини дека Џорџ Клуни, еден од најпознатите средовечни мажи во Холивуд, ќе стане татко. 

Информациите за бременоста на неговата сопруга, 37-годишната Амал, се уште не се официјално потврдени, но според американските таблиди, „тајната е откриена“ на премиерата на филмот „Our brand is crisis“, каде таа носеше широка тоалета со набори во делот кај стомакот. Ваквиот избор на фустан беше оценет како намена да се прикрие бременоста. 

- Таа е многу слаба и стомакот едвај и се познава. Се плашат од можни компликации. Џорџ е многу загриже за нивното дете. Каде и да патува Амал, Џорџ бара да и се достави храна со која ќе ги внесе потребните калории во организмот, пренесува магазинот „ОК“, повкувајќи се на неименуван извор близок до брачната двојка Клуни.