Македонија
5. October 2022 - 16:40

„Гласен Текстилец“ бара достојна наместо минимална плата

Не смее повеќе да се зборува за минимална плата, туку за плата за достоинствен живот. Во време кога имаме двоцифрена инфлација, минималецот не е доволен за покривање на режиските трошоци, односно, со минималната плата ги задоволува само 29% од потребите, истакнаа штипските активисти за заштита на работничките права. Изработен е  модел и направена е калкулација, според кои точно е утврдено колку средства месечно му се потребни на едно четри члено семејство.

- Согласно стапката на инфлација, информации кои што ги добиваме од Државен завод за статистика и Народна банка, значи не ги вадиме од џеб и ракав, туку ги имаме согласно статистиката што ја води државата, се вели дека некаде околу 52 000 денари била потребна плата за живот лани, за едно четири члено семејство. Оваа година со целата инфлација, колку треба да биде, над 60 000 денари- изјави Кристина Ампева, гласен текстилец - Штип.

Месечните примања, според меѓународните критериуми треба да ги покријат основните животни трошоци, но и да останат 10 % за итни случаи.

-За жал, овде до сега не е разговарано за плата за живот, туку за минимална плата, зашто дебатата ја водат „социјалните партнери“, Влада, синдикат и Организација на работодавачи, додаде Ампева

Под мотото „Плата за нормален живот“  од утре стартува шестата по ред „Текстилијада“, на која се предвидени дебати помеѓу министри, работодавачи и граѓанскиот сектор на тема подобрување на живото на македоснкиот работник.