Гласањето почна во Демир Хисар, Новаци и Могила

Општинската изборна комисија во Демир Хисар потврди дека навреме и без проблеми почнаа локални избори во таа општина.
- На годинешниве локални избори пријавени се два кандидата за градоначалник и две листи со кандидати за советници. Во општина Демир Хисар право на глас имаат 7.311 полнолетни граѓани кои веќе гласаат на 36 избирачки места, истакна Митко Јанкуловски, претседател на ОИК-Демир Хисар.
Општинската изборна комисија во Новаци потврди дека утрово во 7 часот отворени се 24 избирачки места на кои за иден градоначалник и членови на Советот на општина Новаци може да гласаат 3.076 лица со право на глас.
- Избирачкиот процес се одвива демократски, а граѓаните може да избираат градоначалник од три предложени кандидати и општински советнци од три советнички листи, посочи Стевче Стевановски, претседател на ОИК-Новаци.
Општинската изборна комисија во Могила потврди дека утрово точно навреме, во 7 часот почна избирачкиот процес кој се одвива на 23 избирачки места.
- Право на глас имаат 5.520 жители на општина Могила кои избираат еден од трите предложени кандидати за градоначалник и пет листи за идни членови на Советот на општина Могила, потврди Славко Велевски, претседател на ОИК-Могила.
Ново на Сител
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
