Гладни членови на Боко Харам и се предале на нигериската војска
Неколку десетици слаби и гладни припадници на исламистичката екстремистичка група Боко Харам им се предале на војниците на североистокот од Нигерија, молејќи да им биде дадена храна, објавија нигериските власти.
Еден нигериски претставник изјави дека вкупно 76 лица, меѓу кои имало и припадници на Боко Харам, како и повеќе жени и деца, во саботата им се предале на војниците во местотот Гвози, на околу 100 километри југоисточно од Мајдугури, пренесуваат американските медиуми.
Во моментов сите тие се наоѓаат во воениот центар во Мајдугури, „родното место“ на Боко Харам и актуелниот команден центар на нигериските сили во борбата против овие исламски екстремисти, рече претставникот, кој сакаше да остане анониман бидејќи не бил овластен да разговара со новинарите.
Уште многу борци на Боко Харам сакаат да се предадат, за американските медиуми изјави еден војник кој ги испратил до Маидугури.
Недостигот од храна во редовите на Боко Харам може да значи дека нигериската војска успева да ги пресече линиите за снабдување на исламските екстремисти, кои се присутни во речиси цела Нигерија.
Во акциите на Боко Харам во последните шест години се убиени околу 20.000 лица, а оваа група во 2014 година беше прогласена за најсмртоносната терористичка група, надминувајќи ја дури и Исламска држава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон