Гладков: Украинските сили гранатираа руски град во близина на границата - има повредени лица
Украинските сили гранатираа руски град во близина на границата по третпат во една недела, при што се повредени четири лица и има оштетени згради и запалени возила, изјави денеска гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.
„Две лица се хоспитализирани како резултат на артилерискиот напад врз Шебекино“, напиша гувернерот на Белгород на Телеграм.
„Во гранатирањето, меѓу другото, оштетени се прозорци и покриви на станбена зграда од осум ката, четири куќи и едно училиште“, додаде Гладков.
Тој во понеделникот објави дека се погодени два индустриски објекта во градот. Во саботата, тој рече дека бил под артилериски оган додека се обидувал да влезе во градот, кој се наоѓа на околу седум километри северно од границата со Украина.
Белгород, кој се граничи со украинскиот регион Харков, во последните месеци е се почесто напаѓан од украинските сили.
Ново на Сител
-

Филипче со петиција против мигранти - Мицкоски уверува додека е премиер Македонија нема да прима мигранти
-

Владата усвои предлог за разрешување на обвинителот Коцевски
-

Анкетна комисија за ,,Пулс"
-

Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-

За власта развоен, за опозицијата нереален буџет кој мириса на предвремени избори
-

4% инфлација во ноември: Храната и пијалоците за една година поскапеле за 5,4%
-

Башким Бесими нов претседател на СЈО
-

Транспаренси интернешнл: Македонија е далеку под 50-те земји кои гарантираат борба со корупција
