Македонија
6. May 2016 - 16:51

Ѓурговден прославен во Мала Речица

Манастирската црква посветена на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец во тетовска Мала Речица, денес го славеше празникот посветен на својот патрон. Водосвет и режење на кумските колачи по повод Ѓурговден  изврши Митрополитот тетовско-гостиварски господин Јосиф. 
 
Годинава Ѓурговден се совпаѓа со исто така значајниот празник Источен Петок-Балаклија што црквата го одбележува првиот петок после Велигден. 
 
Со режењето на  кумските колачи се определија кумовите за прославата на наредна година. Годишните кумови приредија празничен ручек за присутните вернции.