Ѓулен ги повика САД да го отфрлат секоа барање на Турција за негова екстрадиција
Турскиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, го повика Вашингтон да го отфрли секое барање од Турција за негово екстрадирање.
- Ја повикувам американската Влада да го отрфрли секој напор да се злоупотреби процесот за екстрадиција со цел да се изврши политичка одмазда, рече Ѓулен во изјава, објавена од организацијата, поврзана со него и наречена Обединување за заеднички вредности.
Американски претставници изјавија дека се уште не добиле барање за екстрадиција на Ѓулен од Турција.
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно покажа дека е подготвен на се за да ја зачува личната власт и да ги стави под истрага неговите критичари, се вели во изјавата на Ѓулен, која беше објавена вчера.
- Тврдењата дека сум поврзан со тој ужасен обид за преврат се нездрави, неодговорни и нереални, додаде Ѓулен.
Претседателот на САД Барак Обама вчера телфонски разговараше со Ердоган и му предложи американска помош во истрагата на обидот за преврат од минатата недела, но го повика и кон воздржаност во гонењето против одговорните за пучот.
Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест изјави дека двајцата лидери разговарале и за статусот на Ѓулен, а турската Влада веќе испратила материјали во електронска форма во врска со тврдењето за вмешаноста на Ѓулен во превратот, кои американските власти во моментот ги проучуваат.
- Кога ќе биде добиено и официјално барање за екстрадиција, одлуката за него ќе биде донесена спред условите на спогодбата меѓу двете земји, а не лично од претседателот Обама, додаде Ернест.
Ново на Сител
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина
-
Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија
-
Загина 52-годишно лице откако со мотоцикл удрил во паркирано возило