-->
-->
Ѓукановиќ: Владата е нефункционална, треба да се смени
-->
Актуелната влада е нефункционална и треба да се смени, бидејќи нејзиниот мандат претставува колапс на Црна Гора, изјави претседателот Мило Ѓукановиќ.
Тој на форумот 2BS во Будва истакна дека нефункционалноста на актуелната Влада не го изненадила.
– Владата не може да биде функционална, бидејќи ја имате пешадијата на српскиот свет во Парламентот, нагласи Ѓукановиќ.
Како што наведе, во тој блок се две граѓански коалиции, кои се согласиле да бидат во сојуз со големосрпскиот национализам.
– Го разбирам распетието меѓу потребата за смена на Владата и влезот на Демократскиот фронт, додаде црногорскиот претседател.
Според него, „единствениот излез од ваква лоша ситуација е преку предвремени парламентарни избори“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот
-
Пронајдено бебе во контејнер во близина на Загреб
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри