Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна Гора.
- Се колнам со мојата чест на Уставот на Црна Гора дека должноста претседател на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани на нашата татковина. Како претседател на државата ќе се посветам на чувањето на независноста и суверенитетот на Црна Гора и нејзината афирмација како граѓанска, демократска, еколошка и држава на социјална правда, заснована на владеење на правото, истакна Ѓукановиќ во заклетвата.
Освен пратениците во црногорскиот Парламент, пред кои Ѓукановиќ положи заклетва, на свечената седница присуствуваа највисоки поранешни и сегашни државни функционери и челници на државни институции.
На седницата беа поканети и членови на Владата, верски лидери, ректори на универзитети, членови на дипломатскиот кор, нерезидентни амбасадори, воени аташеа и претставници на меѓународни организации.
Црногорската опозиција ја бојкотираше инаугурацијата на Ѓукановиќ, кој на функцијата го замени партискиот колега Филип Вујановиќ.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
