-->
-->
„Ѓраѓаните“ го демолираа Челзи
-->

Манчестер Сити го декласираше Челзи со 3:0 (1:0) во дерби натпреварот одигран во рамките на второто коло во Премиерлигата.
‘Граѓаните’ доминираа во текот на сите 90 минути против тимот на Жозе Мурињо, чија затворена варијанта овојпат не му донесе резултат.
Предводени од Кун Агуеро, играчите на Мануел Пелегрини одбраната на Челзи ја пробија во 31.минута кога Аргентинецот го постигна првиот гол. Конечниот удар Сити на својот ривал му го зададе во последните 12 минути кога двете грешки на Бане Ивановиќ ги казнија Компани и Фернандињо.
Поразот на Челзи можеше да биде и поубедлив но голманот Беговиќ во првото полувреме со три добри интервенции ги сочува својот гол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
