-->
-->
Ѓорѓиоски: Ќе ја поддржиме секоја одлука на ФИФА и УЕФА во врска со Косово
-->
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и потпретседателот Мухамет Сејдини во „Куќата на Фудбалот“ имаа средба со гости од Фудбалската федерација на Косово, претседателот на ФФК, Фадил Вокри и потпретседателот Агим Адеми
Конструктивни разговори и предлози поврзани со унапредување на меѓусебната соработка на фудбалски план беа тама на разговорот.
-Упатувам голема благодарност до претседателот на ФФМ Ѓорѓиоски и потпретседателот Сејдини за приемот и подршката што ни ја даваат. Ние сме среќни што денеска бевме тука и имавме можност да зборуваме за понатамошните планови. Како најблиски соседи цениме дека со Македонија треба да имаме најдобри односи и се надеваме дека соработката ќе биде продлабочена во иднина. Како водечко фудбалско тело во Македонија и членка на меѓународните фудбалски институции, ФФМ ги поддржува одлуките на УЕФА и ФИФА и се надеваме дека ќе биде така и во однос на прашањето за нашиот прием во тие институции. Откако тоа ќе се случи се надевам дека нашата соработка ќе ја пренесеме и на терен со одигрување на меѓусебни пријателски натпревари меѓу младите категории, а зошто да нѐ и на сениорите”, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Косово, Фадил Вокри.
-Мило ми е што денеска имавме гости од Косово, Фадил Вокри е наш драг пријател и имавме можност да разговараме за многу работи поврзани исклучиво со фудбалот. Како федерација секако дека сме запознаени со нивното барање за прием на Косово во УЕФА и ФИФА, а ние како дел од европската и светската фудбалска асоцијација ќе ги следиме инструкциите и ќе ја поддржиме секоја одлука. ФФМ секогаш е отворена за соработка, посебно со федерациите од најблиското окружување,изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Со стартот на кампањата ќе се интензивира негативната реторика
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Генерално собрание на ОН во Њујорк
-
МАТТО го реконструира основното училиште со ресурсниот центар „Иднина“
-
Две години условна казна затвор за онкологот Пешевска која призна вина
-
Седумгодишно девојче од Челопек почина во тетовската болница
-
Не работи пералната на Клинички – Алиу ќе ја враќа во владение на државата
-
„Амбикон“ го објави извештајот за загадувањето на воздухот во Трубарево: Податоците се неспоредливи со претходни параметри