Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа доколку стане градоначалник ќе го реши проблемот со комуналниот отпад во Скопје.
Ѓорѓиевски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека во чистењето на градот ќе помогнат градските служби, општествено одговорни компании, а ќе бидат вклучени и граѓаните затоа што во изминатиот период добил голем број понуди да се приклучат во чистењето на градот.
-Кога имаме глува градска власт, кога имаме нефункционална градска власт се соочуваме со тоа во сите општини со нашите ресурси колку што можеме да работиме само за да постигнеме подобри услови за нашите граѓани. Тука ќе помогнат и градските служби и општините, и општествено одговорните компании и скопјани затоа што во изминатиот период имам голем број понуди да се приклучат да помогнат, рече Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека во изминатиот период во општина Кисела Вода, каде се уште е актуелен градоначалник, се тргаат контејнерите од нивните локации и се остава по еден контејнер со цел да му се нанесе штета.
-Во изминатиот период свесно и намерно се вадат контејнерите од микролокациите со цел да се создаваат диви депонии околу контејнерите. На позициите каде имало по три до четири контејнери, сега е оставен само еден, сметајќи некој дека со тоа ќе ми предизвика штета. Сметам дека таа што го води градот уште десетина дена го потценува сопствениот народ, а скопјани добро знаат кој се грижи за нив и работи за нив, а кој со вакви смешни интриги се служи во изминатите четири години, рече Ѓорѓиевски.
И кандидатката за градоначалника на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска-Трајкоска вети дека проблемот набрзо по локалните избори ќе биде решен.
МИА
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево
-
Предизборен карван на СДСМ во Тетово
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски