Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

За цела општина Аеродром останува да важи старото правило, според кое секој резидент (физички и правни лица) може да се паркира на сите зони на територијата на општината, без да плаќа надоместок како што беше најавено за од 1 април.
- Ова е директен одговор на барањата и реакциите на граѓаните и доказ дека нивниот глас не само што се слуша, туку и се почитува. Нашиот народ е секогаш во право, објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Тој соопшти дека на директорот на ЈП „Градски паркинг“ му е дадена насока, во Реонскиот центар во Аеродром, каде што се воведува зоната D12, да остане да важи старото правило.
-Секој резидент - физички и правни лица, ќе може да се паркира на сите зони на територијата на општината без да плаќа надоместок, како што беше најавено претходно. И ова правило останува да важи за цел Аеродром. Паралелно, во тек е подготовка за воведување нова зона за паркирање во Ново Лисиче. Веќе се поставува соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, по што ќе следува и поставување информативни табли. Со ова ќе се обезбедат вкупно 2719 паркинг-места кои ќе бидат конкретно решение за реалниот проблем, наведува скопскиот градоначалник.
Ѓорѓиевски посочува и дека се унапредува дигитализацијата, така што од 1 април 2026 граѓаните ќе може електронски да поднесуваат барања за дозволи преку платформата „moj.parking.mk“, за сите паркиралишта под надлежност на „Градски паркинг“ - зонско паркирање, паркиралиштата со рампа и катните гаражи.
-Дополнително, овозможено е и онлајн плаќање на месечни и годишни дозволи, со што процесот станува побрз, поедноставен и достапен за сите, соопшти Ѓорѓиевски.
МИА
Ново на Сител
-

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против обвинетиот Денис Асанов за извршено убиство
-

Иран собори борбен авион Ф-35 со нов одбранбен систем
-

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци
-

Во недела поради улична трка во Скопје посебен режим на сообраќај
-

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор
-

Дожд уште утре, а потоа сончево и топло
-

Австралиски служби откриле ИП адреси од Македонија - кај битолчанец вработен во образование пронајдена детска порнографија
-

Велигденска порака на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов
