Македонија
5. March 2020 - 14:13

Ѓорѓиевски: Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека СДСМ се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста

СДСМ се исплашени од пораз како никогаш до сега. Како наближува 12-ти април, така расте и нивната нервоза. Палењето и фарбањето на билборди е само доказ дека се во страшна паника и не сакаат граѓаните да ја видат реалноста. Полицијата потврди дека билбордот во Ѓорче Петров е уништен од активист кој може често да се забележи во друштво на Зоран Заев, да се забележи во друштво на Оливер Спасовски и да се забележи исто така во друштво на Стево Пендаровски.

Уништувањето приватен имот е казниво, а додека Заев се крие зад политичкиот имунитет, неговите послушници се соочуваат со санкции. Ова се очајни обиди за спас од одговорност. Промена на власта ќе има, а Зоран Заев ќе мора да одговара. Со ваквите негови насилнички одлуки само вовлекува дополнително и други луѓе. Колку и да се трудат не можат да ја сокријат вистинската слика за нив и за Зоран Заев. Криминалот, корупцијата и рекетот кои ги прави оваа власт не може а, да не бидат видени од јавноста во Република Македонија.

Ниту бојадисувањето на билборди, ниту пак нивното палење нема да ја сменат реалноста дека Зоран Заев знаел за милионскиот рекет кој се случувал цела година и дека токму со негова закрила се ограбувале и пљачкале луѓе низ Република Македонија. Сторителите на вандализмот, но исто така и нивните нарачатели треба да знаат дека одговорност ќе има. Ќе одговараат и тие што ги палат билбордите, но истовремено ќе одговараат и нивните наредбодавачи.

Уште еднаш апелираме до сите здраворазумни активисти од СДСМ кои што се излажани токму од Зоран Заев и криминалната дружина околу него да не наседнуваат на местенките од страна на фамилијата на власта.

Додека врхушката ја изрекетира цела Македонија и си ги пушти децата на школување во странство, тие тука се принудени да прават кривични дела само за да го спасуваат Зоран Заев. Никој нека не се лаже дека ќе остане неказнет.

Одговорност ќе има за сите до еден.

Новинарско прашање: Денеска на прес конференција екс премиерот Зоран Заев даде изјава каде што вели дека нема да гостува телевизија Алфа, па ако може еден коментар што мислите за ваквите изјави на висок функционер?

Одговор на новинарско прашање: Тоа е типична изјава за исплашен и уценет човек од типот и профилот на Зоран Заев. Ние знаеме во Република Македонија дека моментално имаме хибриден режим кој што полека, но сигурно преминува во авторитарен режим и нормално човекот кој што е креатор на сето тоа е токму Зоран Заев. Во Република Македонија изминатиов период можете да забележите како новинари и сите останати граѓани во Република Македонија кој што размислуваат поинаку од Зоран Заев и неговата врхушка која што владее криминално изминатиот период се соочуваат со драконски казни, се соочуваат со потенцијални затворски казни, а наспроти нив го имаме на пример Курто Дудуш, градоначалник од Шуто Оризари кој што брутално тепаше човек во неговата канцеларија и за тоа нема никаква одговорност, односно човекот помина со опомена. Тоа е Зоран Заев и тоа е веќе видено негово лице и добро познато за македонската јавност. Граѓаните се повеќе од свесни за сиот криминал негов изминатиов период кој што го стори во Република Македонија за сите негови погрешни чекори и за цела оваа тортура и притисок кој што го трпат и граѓаните од негова страна и неговите послушници, но и вие како новинари и нормално вашите новинарски куќи. Сето ова завршува на 12 април. По 12 април имаме нова реалност во Република Македонија, ќе имаме нов премиер во Република Македонија, Христијан Мицкоски. Така да ова се би рекол последните крици на Зоран Заев и последните обиди на некој начин како давеник за сламка да се одржи онолку колку што може до 12 април.

Новинарско прашање: Од каде знаете дека сторителот е близок до СДСМ?

Одговор на новинарско прашање: Точно, ние она што го тврдиме денес на нашата прес конференција го темелиме на доказите кои излегоа, односно обвинувањето од страна на полицијата, бидејќи полицијата го најде и сторителот кој што воедно можеме и да забележиме дека неговиот Фејсбук профил, тоа мислам дека и вашите медиуми го објавија и на повеќе портали низ Република Македонија, дека лицето кое што ги пали билбордите односно се шетал и со кофа со боја низ

градот е лице кое што често пати се наоѓа во друштво како што кажав на прес конференцијата на Зоран Заев, на Оливер Спасовски – нормално десната рака на Заев, на Стево Пендаровски и така натаму. Значи, е лице кое што е постојано во придружба на функционери на СДСМ. Ние сме длабоко убедени дека тоа лице е само испостава која што треба да ги спроведе црните сценарија на Зоран Заев.

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ