Ѓорѓиевски: Нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење
Дигиталните решенија денес не се прашање на избор, туку на опстанок. Во свет кој се движи со неверојатна брзина, нашата единствена опција е да одиме напред кон поврзаност, иновации и знаење, напиша кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил, нагласувајќи дека денеска имал чест да присуствува на Дигиталниот самит на Западен Балкан што се одржува во Скопје.
-Нашата цел е јасна: Скопје и Македонија да станат лидер во дигитализацијата во регионот, целосно дигитални, ефикасни и транспарентни каде што секоја услуга ќе биде достапна онлајн, за секој граѓанин. Иднината е тука. Ние избираме да ја прифатиме, да ја обликуваме и да ја претвориме во сила која ќе нѐ движи напред, порача Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за „Онкологија“
-
Мицкоски: Безидејноста на опозицијата не се покрива со црна кампања
-
Филипче: Власта потфрли на сите полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Гостивар и Тетово
-
Митинзи на СДСМ и коалицијата во Гевгелија и Валандово
-
Застрелан носителот на листа на ДУИ во Липково
-
Уапсени управители на старечки дом во Капиштец, се сомничат за нехуман третман на корисниците