Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме

Спомен-плочата во Старата скопска чаршија во чест на полскиот урбанист Адолф Циборовски е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија - истакна градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи.
Ѓорѓиевски и градоначалникот на Чаир Изет Меџити денеска ја открија спомен-плочата посветена на Циборовски, во присуство на неговата внука и претставници од Полската амбасада, во знак на благодарност за неговиот значаен придонес во зачувувањето на еден од највредните симболи на идентитетот на нашиот град.
Како што наведува Ѓорѓиевски, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога од урнатините се создавала новата визија за Скопје, Циборовски бил меѓу меѓународните експерти кои цврсто се залагале Старата скопска чаршија да остане нераскинлив дел од градот.
- Во време кога постоеле идеи историското јадро да биде заменето со целосно модерни градби, тој ја бранел визијата дека Скопје мора да се развива, но притоа да ги зачува својата историја, традиција и препознатливост. Денешната спомен-плоча е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија. Чаршијата е историја, култура, паметење и жив идентитет на Скопје - напиша Ѓорѓиевски, на својот фејсбук профил, порачувајќи дека наша обврска е да ја чуваме, да ја унапредуваме и да им ја оставиме на идните генерации како сведоштво за градот кој знае да се развива, но никогаш не ги заборава своите корени.
МИА
Ново на Сител
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
-

Повреден Македонец дома ќе се враќа со владиниот авион
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Гостиварци да не плаќаат за вода, предлага народниот правобранител
-

Бројката на потврдени случаи на западно-нилска треска стигна до 20
-

Жештината го нарушува и менталното здравје - сè повеќе психички тегоби за време на екстремните горештини
-

Битолчани најнедисциплинирани со електрични тротинети
-

Инфлацијата падна на двегодишен минимум
