-->
-->
Ѓорѓевски ќе го суди дербито Силекс - Вардар
-->
Во фудбалскиот шампионат на Македонија, поради велигденските празници, наместо вообичаено во недела утре ќе се играат средбите од 27.коло во Првата лига.
Дербито е во Кратово, каде Силекс ќе го пречека составот на Вардар, а главен судија на оваа средба ќе биде Далибор Ѓорѓевски од Куманово. Нему ќе му помагаат, Никола Караколев од Штип и Никола Божиновски од Скопје.
Почетокот на натпреварот Силекс – Вардар е закажан за 16 часот, термин во кој ќе се играа останатите четири среди, а во кои ќе се сретнат: Македонија ЃП – Шкупи, Пелистер – Шкендија, Ренова – Победа и Работнички– Брегалница дуел кој ќе може да го следите низ директен пренос на Сител 3 телевизија
Табела: Вардар 62 бодови, Шкендија 51, Работнички 43, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 32, Шкупи 28, Победа 23, Македонија ЃП 18 и Брегалница 17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори
-
Умерен економски раст и пониска инфлација, очекува НБРМ
-
Стотици граѓани во долга редица чекаа ваучер за инвертер
-
Почина 5 годишно дете на Детската клиника – трет смртен случај во установата за еден месец
-
Пожар во депото на Железници – Транспорт, гореле стари вагони