Ѓорчев: Големо НЕ за она што СДСМ и Заев го ветуваат, народот е врховен арбитар и тој ќе ја состави Владата
Денешната посета на Фалиш, на Саракино, на Здуње на гостиварскиот и тетовскиот регион е во функција на што е можно повеќе контакти со граѓаните, да зборуваме со нив, да ги чуеме нивните проблеми, а исто така и да се порача дека Република Македонија треба да излезе од оваа криза и дека Република Македонија на 11 декември ќе порача дека ќе гласа и за државноста на Македонија и независноста и слободата на одлучување, но исто така големо „не“ за она што СДСМ, Зоран Заев и другите го ветуваат, истакна Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
-Тие ветуваат работи кои што фундаментално ќе ги променат состојбите и односите во Македонија, а тие нивни ветувања во делот на уставниот поредок, во делот на унитарност ана Македонија ќе се почувствуваат во цела Македонија особено во региони и градови и села како што е овој, потенцираше тој по посетата.
Нашите позиции, додаде, се јасни, а тоа е одбрана на уставниот поредок, одбрана на унитарниот карактер и одбрана на она што се нарекува самостојност, самобитност и народот како врховен арбитар, значи народот ја составува Владата и тие се тие кои даваат или одземаат легитимитет.
-Исто така пораката е дека треба да се вратиме на економските теми на отворање на фабрики и нови работни места, рече Ѓорчев.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
