Тенис
20. September 2016 - 13:36

Ѓорческа загуби на стартот на фјучрсот во Сен Мало

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е поразена на стартот на фјучрс турнирот што се игра во францускиот град Сен Мало. Поуспешна од неа беше осмата носителка Марина Заневска од Украина (192.место на ВТА). 
23-годишната Украинка два сета ги доби со 6:4 и 6:0 во гемови, а ја искористи предноста и подобриот сервис во мечот. Ѓорческа искористи само една од седумте брејк топки, додека нејзината ривалка имаше 5/8.
За нашата тенсиерка останува и анстапот во игра на двојки. Попладнево заедно со Диана Марцинкевица од Летонија ќе играат против Корнелија Листер од Шведска и Нина Стојановиќ од Србија.
 
Настап на фјучрс турнир има и македонскиот тенисер Горазд Србљак. Тој ќе игра на турнирот во Сокобања, Србија за нагарден фонд од 10.000 долари. Србљак преку квалификациите стигна до главниот турнир и ќе игра против Домагој Биљешко од Хрватска истотака квалификант.