-->
-->
Ѓорческа загуби и во двојки во квалификациите на Вимблдон
-->
Македонската тенсиерка Лина Ѓорческа со два пораза денеска го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон. Таа загуби во првото коло во двете конкуренции (сингл и двојки). Во мечот што заврши предмалку Ѓорческа во двојки заедно со Русинката Полина Монова загубија од осмите носителки Американките Ешли Вајнхолд и Кејтин Ворски.
Противничките мечот го добија со 6:3 и 7:6 (8:6) во гемови. Во вториот сет во тај брекот Ѓорческа и Монова испуштија шанса да изедначат на 1-1 во сетови откако водеа со 6:3 на поени, а противничките ги добија следните пет поени.
Ѓорческа претходно во првото коло од квалификациите во сингл загуби од првата носителка Александра Круниќ од Србија со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови). Ова за нашата тенисерка беа првите мечеви во кариерата одиграни на тревната подлога.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот