Тенис
20. јуни 2016 - 19:07

Ѓорческа со најдобар ранг во двојки - 204 место

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пробие на 204 место на ВТА листата во конкуренција на двојки. Таа има скок 30 позиции бидејќи на најновата ранг листа се рангирани поените освоени на фјучрс турнирите во Падова и Сегед (вкупно 130 поени). Таа има 309 поени, а на следното рангирање ќе загуби 12 за триумфот лани во турски Тарсус. 
Во поединечна конкуренција Ѓорческа има пад од 12 места и се наоѓа на 279 место. Таа има сега 160 поени (13 нови од двата турнира), а на следното рангирање ќе загуби уште 12 поени.
Во женска конкуренција пласман на ранг листата има и Магдалена Стоилковска во сингл е на 1.257 место, а во двојки – 1.011 место.