Тенис
25. July 2016 - 15:28

Ѓорческа се поблиску до најдобрите 200 во женскиот тенис

Иако минатата недела не играше на турнири нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа направи но скок на  ВТА ранг листата.
 
Ѓорческа обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот во Бурса кој се одложи поради воениот удар во Турција, а иако евентуално доигрување на истиот ќе и донесеше поголем скок на листата, сепак и во вакви услови оствари нов најдобар ранкинг во кариерата.
 
Нашата тенисерка направи скок од едно место и сега е 219-та во светскиот поредок, а за споменување е дека направи напредок и на ВТА листата во игра на двојки, на која фигурира како 183-та најдобра во светот.