Тенис
15. December 2015 - 15:00

Ѓорческа поразена на фјучрсот во Анкара (50.000 долари)

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа претрпе пораз на стартот од фјучрсот во Анкара што се игра на тврда подлога. Таа загуби во 1.коло од третата носителка Јана Фет од Хрватска (152.место ВТА) со 2:0 во сетови (6:4 и 6:0).
 
Ѓорческа беше рамноправна со фаворитката Фет само во првиот сет кога имаше и водство од 4:2 во гемови, но потоа Фет (19.години) успеа да ги освои четирите гема во првиот сет и сите шест во вториот сет.
 
Македонката за елиминацијата во првото коло ќе освои еден бод.
 
Ѓорческа попладнево ја очекува уште еден меч. Во конкуренција на двојки заедно со Башак Ерајдин од Турција ќе играат против третите носителки Паула Канија (Полска) и Лесли Керкове (Холандија).
 
Фјучрс турнирот во Анкара е со награден фонд од 50.000 долари.