-->
-->
Ѓорческа подобра од третата носителка на фјучрсот во Истанбул
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 1/4 финалето на фјучрсот во Истанбул (50.000 долраи). Таа денеска во мешот од 2.коло ја победи третата носителка Полина Лејкина од Русија (190.место ВТА) со 2:1 во сетови. Таа успеа со пресврт да стигне до победата.
Лејкина го доби првиот сет со 6:1 во гемови. Во вториот сет Ѓорческа беше поуспешна со 7:5 и се избори за решавачкиот сет. Нашата тенсиерка најпрвин во 10.гем на свој сервис испушти две меч топки. Сепак во тај брекот беше убедлива и со 7:2 на поени ја совлада противничката. За Ѓорческа ова беше уште еден маратонск меч по вчерашниот и траеше 2:23 минути, а во вкупниот број поени беше 121:120 за нашата тенисерка.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против седмата носителка Кристина Дину (221.ВТА место).
Попладнево Ѓорческа ќе го игра и првиот меч во игра на двојки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателот на Словачка Петер Пелегрини во официјална посета на Македонија
-
Фон дер Лајен утре во Скопје, најавува фабрики за вештачка интелигенција во Македонија и Србија
-
Уште 4 дена предизборна кампања, Мицкоски и Филипче си разменуваат обвинувања
-
Пакет мерки за пензионерите најавува Орце Ѓорѓиевски
-
Каја Шукова најавува реформирање на јавните претпријатија
-
Со законски измени ќе се предвидат токсиколошки анализи за докторите
-
Пчеларите едуцираат, како да препознаете фабрикуван мед
-
Преглед на вестите од светот