Тенис
10. May 2016 - 17:30

Ѓорческа почна со победа во Ѓер

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пресврт стигна до триумф во 1.коло на фјучрсот што се игра во унгарскиот град Ѓер за награден фонд од 25.000 долари. Таа потешко од очекувањето ја победи квалификантката од Србија Марина Качар со 2:1 во сетови.
Противничката го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а брејк направи за водство од 3:1 и успеа да ја зачува предноста. Во вториот сет резултатот беше изедначен до 4:4 во гемови, а потоа Ѓорческа освои два гема и го доби сетот со 6:4. Во решавачкиот сет нашата тенисерка беше доминантна и поведе со 4:0 и сетот го заврши со 6:1 во гемови.
Мечот траше 112 минути.
Следна противничка ќе и биде втората носителка на турнирот Барбара хас од Австрија која со 2:0 (6:2 и 6:2) ја победи Софија Ковалец од Украина.