Тенис
6. July 2016 - 19:19

Ѓорческа победи и во двојки во Торино

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ја продолжи серијата победи и денеска забележа и втор триумф откако во конкуренција на двојки заедно со Далила Јакупович од Словенија во четвртфиналето ги победија тенисерките од Италија Џесика Бертолдо и Сара Маркиони. Двата сета ги добија со 6:4 и 6:0 во гемови. Утре во полуфиналето ќе играат против Олга Парес Акотиа (Шпанија) и Камила Росатело (Италија).

Сепак вистинскиот предизвик на фјучрсот во Торино Ѓорческа ќе го има утре во четвртфиналето во сингл против третата носителка Софија Шалатава од Грузија (27 години, 232.место ВТА листа).