Тенис
12. March 2016 - 11:39

Ѓорческа не успеа да ја запре Грабер

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја запре Јулија Грабер од Австрија и го загуби полуфиналниот меч на фјучрсот во Хамамет, Тунис. 19-годишната Австријка со денешната победа има серија од 9 добиени мечеви во Хамамет во сингл конкуренција. Денешниот меч таа го доби со 6:4 и 6:1 во сетови.

Воедно Грабер има и шест победи во конкуренција на двојки, а е потенцијална ривалка на Ѓорческа во финалето. Таа и Наоми Тотка од Унгарија водат со 1:0 во сетови во полуфиналето кое вчера беше прекинато.
Ѓорческа за пласманот во полуфиналето ќе добие четири поени.