-->
-->
Ѓорческа и се реваншира на Романката Марија Бара
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во 2.коло на Фјучеср турнирот вредел 100.000 УСД, кој се одржува во Шарлм Ел Шеик, Египет.
Ѓорческа во меч од првата рунда ја совлада со 2-1 во сетови Романката, Ирина Марија Бара, од која минатата седмица загуби во четвртфиналето на турнир во Санта Маргарита Ди Паула во Италија.
Овојпат, Ѓорческа беше далеку посигурна, па првиот сет го доби по тешка борба со 7:5, додека во вториот освои само еден гем, односно истиот го загуби со 6:1.
Во решавачкиот трет сет, се играше рамноправно се до четвртиот гем, кога Лина направи брејк, за водство до 3:1, кое до крајот да сетот го одржуваше, а со уште еден бреј го доби сетот со 6:2.
Ѓорческа во 2.коло ќе игра против третата носителка на турнирот Ана Богдан од Романија, додека заедно со нејзината сонародничка Кристина Дину, нашата тенисерка ќе настапи во двојки, каде во првиот меч против себе ќе ја имаат руско-грчката двојка Анастасија Прибилова и Елени Кордолами.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протекува кровот на штипскиот Народен театар, а недостасува и технички кадар
-
Преглед на вести од светот
-
Отворено 32-то издание на фестивалот на камерен театар Ристо Шишков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Зоран Крстевски, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Мицкоски: Пред 33 години битката беше да се исправиме на нозе, денес за големи чекори
-
Честитки од политичките партии по повод независноста
-
По три години од пожарот во тетовската модуларна болница, одговорност се уште нема