Ѓомлезијада во општина Дебрца

Во селото Годивје, општина Дебрца, утрово со правење на народниот, локален, специјалитет – ѓомлезе, мегу населението познато јадење и како тури - потпечи, почна манифестацијата „Ѓомлезијада” што има натпреварувачки карактер.
Според програмата, 20 припаднички на понежниот пол, од сите села на општина Дебрца, со своите реквизити – сач и пирустија, како и другите потребни садови и алатки, ќе подготвуваат ѓомлезе според личен рецепт, а организаторот КУД „Дебрца“ обезбеди брашно, зејтин, сол и дрва.
Во дегустацијата, оценувањето и одбирањето на победници за најдобро направено ѓомлезе ќе учествуваат сите посетители, по што ќе следи доделување на наградите - за прво, второ и трето место.
За цело време на манифестацијата, гостите ќе ги забавуваат фолклорни групи меѓу кои и Прима бенд, Елена Јовческа, Дарко Стојаноски и Спасе Матлиоски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Димитар Димески, историчар
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
