Ѓоковиќ убедлив против Зверев
Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ во второто коло од завршниот мастерс турнир во Лондон за 78 минути игра го победи петтиот на АТП ранг листата, Германецот Александар Зверев со вкупни 2:0 (6:4 и 6:1).
Ѓоковиќ, кој пред овој меч против 10 години помладиот противник, имаше скор 1:1 на АТП турнирите, попладнево триумфот на мечот го најави со доминантна игра уште во првиот сет.
Резултатот на крајот на првиот сет беше 6:4 во полза на Србинот, а отпорот на Зверев беше скршен во последниот гем од сетот на негов сервис, што Ѓоковиќ успеа да го земе за пред се ментална предност над противникот.
Предноста многу јасно се виде уште на почетокот на вториот сет. Ѓоковиќ со фуриозна игра буквално го разнесе противникот добивајќи го вториот сет со високи 6:1. Зверев успеа само да парира во првиот гем на свој сервис, а се останато беше во „режија“ на Ноле.
Во групата А Ѓоковиќ сега има 2 победи од два меча, Зверев има по една победа и еден пораз, а останатите два учесника во групата, Марин Чилиќ и Џон Иснер својот меч од второто коло ќе го одиграат вечерва од 21 часот.
Ново на Сител
-
Сијарто: „Антифа“ е закана, Европа мора да го следи Трамп
-
Приведен малолетник од Гостивар, украл возило „мерцедес“ по што предизвикал сообраќајка
-
Приведен 42-годишник од струмичко поради подметнување пожар
-
Приведен 35-годишник од с. Кондово, со употреба на бензин запалил возило | ВИДЕО
-
Истрага и мерка притвор од Обвинителство против неготинец, се обидувал да изнуди три илјади евра од градоначалникот
-
Трамп: Ако Авганистан не ја врати контролата врз воздухопловната база Баграм на САД, „ќе се случат лоши работи“
-
Андоновски ќе информира за претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)
-
Зоран Николов го освои Елбрус, највисокиот врв во Европа