Ѓоковиќ стана најстариот шампион на турнирот во Рим
Србинот Новак Ѓоковиќ е новиот шампион на турнирот во Рим! Најдобриот тенисер на светот стигна до петтата титула во „вечниот град“ по победата над Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5, 6:3.
Србинот ја освои рекордната 36-та титула на Мастерс-турнирите и по тој показател е на првото место на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ стигна и до 81-от трофеј во кариерата.
Триумфот на Новак му донесе нови 400 АТП поени, со кои ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал. И тоа на денот кога го престигна Пит Сампрас на второто место на вечната листа според бројот на недели поминати на првата позиција.
Ѓоковиќ стана најстариот шампион на Рим во историјата.
Шварцман се бореше за првата титула на турнирите од серијата 1.000, но по фантастичните победи над Надал и Шаповалов, не можеше да го совлада првиот тенисер во светот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден