Тенис
26. April 2023 - 16:44

Ѓоковиќ се поприлична циганштина, изјави Додик па јавно се извини?!

Градот Бања Лука беше домаќин на тенискиот турнир Српска Опен кој беше во организација на фамилијата на Новак Ѓоковиќ но и локалните власти на Република Српска на чело со првиот политичар Милорад Додик. 

На турнирот учествуваа голем број познати тениски имиња што предизвика задоволство кај љубителите на овој спорт  и тенисерите но по неколку дена дојде засенување од самиот  Додик кој се најде во центарот на вниманието поради своите зборови на сметка на најблиските на Новак Ѓоковиќ.
 
– Иако, мора да ти кажам дека овие Ѓоковиќ се тешки у п.м уф…
 
– Нашите луѓе го доживуваат емотивно, но кога ќе влезеш во бизнис со нив, поприлична циганштина мора да ти кажам. Оние соработници негови, па уште и (Новак) загуби во четвртфиналето, – навредувал  Додик.
 
Видеото е дел од неофицијалната конверзација меѓу Додик и водител на РТС, а политичарот не очекувал дека ќе се најде на социјалните мрежи.