-->
-->
Ѓоковиќ победник на Ролан Гарос
-->

Новак Ѓоковиќ е новиот шампион на Ролан Гарос откако попладнево во Париз во финалето на турнирот го победи Енди Мареј со 3-1 во сетови. По сетоеви: 3:6; 6:1; 6:2 и 6:4 во гемови. Ѓоковиќ ја искористи третата меч топка за да го освои и последниот Грен Слем турнир што му недостасуваше.
Ова за Ѓоковиќ е 12.та Грен слем титула,а го играше своето четвртот финале на Ролан Гарос сите во последните пет години. Ѓоковиќ со тоа комплетираше „Грен слем комплет“ четири победи на Грен слем турнирите (Вимблдон, УС Опен, Астралија Опен).
Енди Мареј го одигра своето прво финале на Ролан Гарос.
- Честитики за Мареј за одличниот меч и посебно задоволство е што играв против него во ова финале. Мислам дека и тебе ќе те видам со овие трофеи. Благодарност и до сите кои беа дел од турнирот, изјави новиот шампион на Ролан Гарос, Ѓоковиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрагата за пожарот во Хонг Конг откри небезбедна мрежа на градилиште, уапсени 11 лица
-

Во прекин сообраќајот на ГП Дојран од грчка страна поради протест на земјоделци
-

Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово
-

Државниот пазарен инспекторат со засилени контроли во угостителските објекти пред празниците
-

Акциска контрола во Кичево, музичари од БиХ настапувале во угостителски објект без соодветна дозвола
-

И Вишиот управен суд потврди дека тужбата на Левица против АВМУ е неоснована
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 декември
