Ѓоковиќ по деветти пат го освои Австралија опен
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ е победник на годинашното издание Австралија опен. Србинот до деветтиот трофеј и трет во низа на Грен слемот во Мелбурн дојде по релативно лесната победа над Данил Медведев претпладнево во финалниот меч кој траеше нешто помалку од два часа.
Во првиот сет Ѓоковиќ на Русинот му препушти 5 гема (7:5), а следните два сета ги доби со по 6:2.
Ѓоковиќ покажа дека и натаму е неприкосновен кога се работи за првиот Грен слем во годината и доминантен во светскиот тенис. Тој ја оправда фаворитската улога. За него ова беше 18-та Грен слем титула. Му остануваат само уште две да се изедначи со рекордерите, Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Од друга страна, четвртиот носител на турнирот, доживеа пораз по серија од 20 победи, воедно го загуби и своето второ финале на Грен слем турнирите.
Ново на Сител
-
Амбер Алерт: Кои чекори треба да ги преземете ако вашето дете исчезне?
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим