-->
-->
Ѓоковиќ по 9-ти пат победи во Мелбурн
-->
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја продолжува доминацијата во Мелбурн и по деветти пат го крена трофејот Норман Брукс од Австралискиот опен, откако во еднострано финале доминираше над рускиот предизвикувач Данил Медведев стигнувајќи до 7:5/6:2/6:2 победа.Ова е 18-та гренд слем титула во фантастичната кариера на српскиот тенисер, и неверојатна 21 победа едноподруго на омилените терени во Мелбурн, каде што беше шампион и во 2019 и 2020. Со 18 големи трофеи тој се доближи на само два гренд слем трофеи од големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Со победата исто така се става крај на најнеобичниот гренд слем турнир во блиската историја, откако тенисерите пристигнаа во Австралија и веднаш беа поставени во карантин поради тоа што во нивните летови имаше позитивни на корона вирус. По ова, Ѓоковиќ беше на удар на австралиската јавност за писмото кое го прати со „барања“ за тенисерите да се преселат во домови кои имаат тениски терени наместо да бидат „затворени“ во хотели, нешто што беше одбиено од властите.
Потоа за Новак следуваше повредата на стомачните мускули, по која изјави дека нема да игра, обвинувањата дека намерно дава вакви изјави за да се игра ментално со противникот, невообичаената нервоза покажана на теренот… Но, сепак, на крајот тој покажа дека е подготвен да оди на новите тениски рекорди и да покаже дека е најдобриот на сите времиња.
За Медведев, пак, кој имаше 20 победи во низа од минатиот ноември, ова е втор пораз во гренд слем финалиња, откако во 2019 на САД опен загуби во пет сета од Рафаел Надал. Русинот, сепак, е еден од таа нова генерација која долго се чека на тениските терени, која треба да ги замени Ѓоковиќ-Надал-Федерер. Но, се уште не е време за тоа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
