-->
-->
Ѓоковиќ останува крал на Мелбурн
-->

Во неизвесно финале Новак Ѓоковиќ славеше со 3-2 против Доминик Тим и по 8-ми пат триумфираше на Грен слем турнирот во Мелбурн Австралија. Српскиот тенисер немаше свој ден но кога беше најпотребно одигра на потребното ниво и не му дозволи на младиот предизвикувач од Австрија да го освои својот прв грен слем во кариерата.
Ѓоковиќ го отвори мечот со добра игра во првиот сет но падна во темпото во следните два сета и дозволи Тим да направи резултатски пресврт и да поведе со 2-1. Во таков однос на силите особено убедливиот триумф на Австриецот во третиот сет со 6-2 многумина помислија дека Ѓоковиќ нема сили да го издржи наметнатото темпо особено што кралот на Мелбурн во два наврати бараше лекарска интервенција. Сепак четвртиот и петтиот сет Ѓоковиќ ги одигра многу подобро од Тим и тоа му ја донесе 17. Грен слем титула во кариерата со што потврди дека големата тројка е сеуште неприкосновена на големите турнири и ќе освојува трофеи и оваа година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
