Ѓоковиќ не оди во притвор, утре ќе разговара со министерот за имиграција
Новак Ѓоковиќ ја продолжува својата борба за настап на Австралија опен: Адвокатите на Ѓоковиќ подготвуваат жалба на одлуката на министерот за имиграција, во Владата на Австралија, Алекс Хок да му ја укине визата.
Локалните медиуми објавија дека, по одлуката на министерот, Ѓоковиќ нема да оди во имиграциски притвор, туку тој утре, со своите адвокати, ќе има разговор со Хок и неговиот тим во министерството.
Значи додека не биде донесена правна одлука, која ќе стави крај на драмата која трае веќе десет дена, светскиот број 1 нема да биде во притвор.
Австралиските медиуми пренесуваат дека одлуката на министерот, правниот тим на Ѓоковиќ ја добил 20 минути пред таа да биде објавена во јавноста.
Планот на адвокатите, процесот да се одвива по скратена постапка, односно да заврши до недела.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава