-->
-->
Ѓоковиќ не е уапсен, министерот уште не донел одлука
-->

Новак Ѓоковиќ не е уапсен потврдуваат и австралиските власти и од австралискиот тениски сојуз. Одлуката на министерот за имиграција уште не е донесена. Тој има рок од четири часа.
Иако полициски сили влегле во зградата каде што е најдобриот тенисер на светот со своите адвокати, тој сè уште не е приведен, јавува добро информираниот новинар Пол Сакал, а тоа го потврди и за „The Age” за кој пишува, како и за „Сиднеј Морнинг Хералд”.
„Сиднеј Морнинг Хералд” пишува дека според четири владини и тениски извори, српскиот тенисер не е уапсен.
Истиот весник јавува дека во зградата во која се наоѓа Ѓоковиќ нема гранична или федерална полиција.
И покрај одлуката на судот, за депортација на Новак Ѓоковиќ одлучува министерот за имиграциско право, Алекс Хок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со интервенции на пазарот регионот се бори против нафтената криза
-

Опозицијата бара мерки
-

Муцунски: Враќањето на македонските државјани е бесплатно, уште два лета се организираат неделава
-

Назначен нов ајатолах, војната на Блискот Исток продолжува
-

Сведок за „Пулс“: Пред Кочани, ДНК имале инцидент со прскалки и во Гевгелија
-

Дел од повредените од Пулс се уште одат на физикална терапија
-

Муцунски разочаран од Софија по забраната за Менкиновски - најавува дипломатска реакција
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
