-->
-->
Ѓоковиќ наполни 30 години
-->
Новак Ѓоковиќ во понеделникот го прослави 30. роденден и официјално го потпиша договорот со новиот спонзор. Ѓоковиќ во иднина ќе ја носи опремата на „Лакост“.
Француската компанија ја промовираше опремата која српскиот тенисер ќе почне да ја носи од Ролан Гарос.
Годишниот приход на „Лакост“ изнесува околу 500 милиони евра, а во тенисот ги спонзорира меѓу другите Федерико Делбонис, Пабло Куевас, Николас Мау, Жилијен Бенето, Доминика Цибулкова, Елена Веснина, Беноа Пер, Роберто Баутиста-Агут…
„Благодарен сум и воедно ми претставува чест и привилегија што започнувам ново партнерство со овој тениски бренд. Лакост има историја во сите спортови, а Рене Лакост бил некој кој вовел револиционерни промени во тенисот, но и во светот на модата. Лакост ги следи трендовите и во исто време го чува својот идентитет“, рекол Ѓоковиќ.
„Лакост“, исто така, е еден од генералните спонзори на неколку значајни турнири, меѓу кои се и Аустралијан опен и завршниот Мастерс во Лондон.
Во кариерата Ѓоковиќ бил заштитно лице на Адидас, Серџо Такини и Уникло.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа