Тенис
25. August 2023 - 20:19

Ѓоковиќ најплатен тенисер во 2023 година

Според Форбс Новак Ѓоковиќ е најплатениот тенисер во светот оваа година.

Земајќи ја во предвид заработката од септември 2022 до август 2023 година.

Најдобриот тенисер во светот првпат се најде на врвот на оваа листа, а под него е младиот победник на овогодишниот Вимблдон, Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ е прв на листата со заработка од 38,4 милиони, а целосната листа можете да ја погледнете подоле.

Топ 10 најплатени тенисери и тенисерки според Форбс:

1. Ѓоковиќ – 38,4 милиони (13,4 милиони на теренот + 25 милиони надвор од теренот);

2. Карлос Алкараз – 31,4 милиони (11,4 + 20);

3. Ига Швјонтек – 22,4 милиони (8,4 + 14);

4. Данил Медведев – 20,1 (7,1 + 13);

5. Рафаел Надал – 15,5 (1,5 + 14);

6. Ема Радукану – 15,3 (0,3 + 15);

7. Коко Гауф – 15,2 милиони (3,2 + 12);

8. Каспер Руд – 14,4 (6,4 + 8);

9. Наоми Осака – 12,1 (0,1 + 12);

10. Џесика Пегула – 10,9 (4,9 + 6).