-->
-->
Ѓоковиќ: Најдобрите тенисери на светот дојдоа на Олимпијадата
-->
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го коментираше фактот дека Роџер Федерер и Рафаел Надал ќе ги пропуштаат Олимписките игри.
– Во текот на изминатите 15 години, јас не играв многу турнири на кои ги немаше Роџер и Рафа. Затоа е малку чудно, бидејќи навикнав да гледам барем еден од нив. Но, и онака најдобрите играчи на светот дојдоа тука. Медведев, Циципас, Зверев, Рублев, ова се момците од Топ 6, Топ 7, главните претенденти за медали.
Српскиот тенисер е прв фаворит за освојување на златниот медал. Тој победи на првите три Грен слема годинава и сега целта му е злато од Токио, како и триумф на последниот Грен слем (УС Опен).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот