-->
-->
Ѓоковиќ ќе игра против Креси во Париз
-->

Американецот Максим Креси се пласираше во второто коло на турнирот од серијата Мастерс 1000 во француската престолнина Париз со награден фонд од 6 милиони евра. Креси на стартот го совлада Аргентинецот Диего Шварцман со 6:3, 6:3 и во следната рунда обезбеди меч со минатогодишниот шампион и шести носител Новак Ѓоковиќ.
Неговиот сонародник Џон Иснер, финалист во Париз од 2016 година, постигна 19 асови во неговата победа со 6:4, 7:6(3) во 82 минути над Германецот Оскар Оте. Во својот втор меч ќе игра со бр.7 Андреј Рубљев.
Италијанецот Лоренцо Музети ја продолжи добрата форма на тврдите терени со импресивна победа против 15-от носител Марин Чилиќ (Хрватска) 6:4, 6:4. Музети, кој стигна до најмалку полуфинале на три од последните четири турнири пред Париз, направи два брејка во мечот. Потоа Италијанецот ќе се соочи со Николоз Басилашвили (Грузија), кој со 6:3, 6:4 го совлада домашниот претставник Квентин Халис.
Британецот Камерон Нори, 12. носител, го победи Миомир Кечмановиќ (Србија) со 6:2, 6:4, а учесникот со вајлд-карта Ришар Гаске (Франција) го елиминира Алекс Молчан (Словачка) со 6:3, 6:1.
Досегашното изненадување го приреди квалификантот Марк-Андреа Хуслер (Швајцарија), откако со 6:2, 6:3 го елиминираше 11. Јаник Синер (Италија).
Шампионот од 2018 година Карен Хачанов (Русија) летечки стартуваше над Себастијан Баез (Аргентина) со 6-1, 6-1 за помалку од еден час игра.
Јапонецот Јошихито Нишиока го совлада Аслан Карацев (Русија) со 6:3, 6:4 и во второто коло ќе игра против светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз од Шпанија.
Деветтиот носител Тејлор Фриц (САД) го победи Алехандро Давидовиќ Фокина (Шпанија) со 7:5, 6:2 за да ги одржи живи надежите за првпат во кариерата да се квалификува на АТП финалето во Торино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
