-->
-->
Ѓоковиќ како волк, „гладен“ да се врати на врвот
-->
Новак Ѓоковиќ од јуни минатата година се наоѓа далеку од посакуваната форма, тој и во новата сезона тргна со многу осцилации, а самиот се надева дека пресвртница може да биде Мастерсот во Индијан Велс на победил пет пати.
Ѓоковиќ по освојувањето на Ролан Гарос кога ги обедини четирите Грен слем титули, доживеа сензационален пораз од Сем Квери на Вимблдон, потоа загуби од Дел Потро во првото коло на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро, а во финишот на сезоната му го препушти првото место на АТП листата на Енди Мари.
Српскиот тенисер се надева дека пресвртница во неговата понатамошна кариера ќе биде првиот Мастерс во сезоната, Индијан Велс.
„Сега сум еден од волците кои трчаат кон врвот. И гладен сум! Доколку не чувствував глад за освојување на трофеи немаше да бидам тука. Многу нешта сум остварил во кариерата и се гордеам со тоа, но немам намера тука да застанам. Сега имам повеќе самодоверба, посвеж сум. Со нетрпение ги очекувам мечевите, сега сум поинаков играч. Освојувањето на Ролан Гарос ми ја зеде енергијата, многу емоции потрошив. Морав да најдам мотивација бидејќи во титулата на Ролан Гарос вложив се, со неа ја остварив животната цел. Следуваше УС Опен, а потоа период во кој едноставно не бев вистинскиот, но сега се вратив и засега се оди според планот“, рекол Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ пет пати го освојувал Мастерсот во Индијан Велс, тој во првото коло на годинешното издание на турнирот е слободен, а во второто коло ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Едмунд и Елиас.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Препис од чудотворната икона на Пресвета Богородица-Скоропослушница, од Света Гора ќе пристигне во манастирот во Побожје
-
Два одделни протеста во Кочани
-
„Вашингтон пост”: Американските преговарачи надминати од Русите во преговорите за Украина, велат аналитичари
-
Бостон: Повеќе медицински сестри од исто болничко одделение добиле тумори на мозокот
-
Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл
-
Рубио планира посета на Западен Балкан
-
Дисциплинскa постапка за двајцaта пoлициски службеници кои лажно тврделе дека возилото порше е службено
-
Стапија на сила основните царини од десет осто наметнати од Трамп