Ѓоковиќ го освои Мадрид
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерс турнирот – Мадрид Опен. Тој со 2-0 во сетови (6-3 6-4) за 93 минути игра го совлада 9-тиот светски тенисер, Гркот Стефанос Циципас. Со оваа победа Ѓоковиќ се израмни со Рафаел Надал по бројот на освоени мастерс титули од Серијата 1.000 – двајцата имаат по 33.
Во првиот сет Ѓоковиќ прв сервираше, а успеа да направи брејк на сервисот на противникот во вториот гем. Потоа со сигурен сервис и стабилна игра, со многу тешки поени успеа да го добие првиот сет со 6-3.
Во вториот сет се играше израмнето, без брејк можности до 4-4. Тогаш Србинот „додаде гас“, направи брејк, па со следниот сервис извојува нова победа за нова титула.
Финалето во Мадрид кое понуди атрактивен тенис го следеа во живо многу влијателни личности од општествениот живот.
Ова е втора титула сезонава за Ѓоковиќ по онаа на Австралија Опен.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за десетмина инволвирани во увозот на нелегални ботокси и филери
-

Тема на денот со Изет Меџити, ВРЕДИ
-

Обвинителството бара притвор за 12 од приведените
-

Преглед на вестите од светот
-

Еден загинат и четворица повредени градежници во Кисела Вода
-

Синдикатот на градежници бара инспекциски надзори пред трагедија, а не откако ќе загине работник
-

Кој се е инволвиран во илегалниот увоз на ботокси и филери?
-

Подготвително рочиште за деветтемина полицајци обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс”
