Ѓилас поднесе кривична пријава поради смртни закани на Фејсбук
Лидерот на Партијата за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас поднесе кривична пријава против лице кое преку социјалните мрежи му се заканувало со смрт, на неговото семејство и на соработниците, оценувајќи дека директните инспиратори на таквите закани се претседателот на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, и „неговиот режим, кој преку постојана агресија и лага вршат линч, како лично, така и преку своите таблоиди“.
„Кого го делиш ти на беззабни и на елитни … сакаш ли да те нахранам со метални кугли“, „Петти октомври никогаш нема да се повтори, но затоа ќе има реприза на 12 март 2003 година“, „Сите ќе ве заколам … и сè дома во женска облека од јасли до креветче па се до дното и под земјата“, се некои од пораките, испратени до Ѓилас од профилот на извесен Никола Пауновиќ, на Фејсбук, поткрепени со негови фотографии на кои е вооружан.
Во пораката испратена до Ѓилас преку Фејсбук, тој, меѓу другото, пишува: „Доколку дојдете во овој регион за време на парламентарната кампања, ќе ве однесат во црни вреќи санитарците и камионите за носење отпад…”
Ѓилас оцени дека добиени заканите се поттикнати од неодамнешните тврдења на Александар Вучиќ, објавени во неговиот авторски текст во Политика со наслов „Елита и плебс“, дека опозицијата политичките опоненти ги третира како „беззабни“, бидејќи потписникот на заканите ги цитира токму тие реченици од текстот на Вучиќ.
– Овие постојани поделби наметнати од Александар Вучиќ, придружени со агресија и „хушкање“ на луѓето еден против друг, не воведоа на опасен терен, бидејќи поединците тогаш мислат дека имаат право да се вооружат и физички да се справат со кој било неистомисленик, мислејќи дека со тоа чинат добри дела. Влегуваме во опасно време, режимот ја губи поддршката и меѓу граѓаните во Србија и во меѓународната заедница, и очигледно е дека се подготвени на сè, за да ја зачуваат власта. Ако на некој од нас нешто му се случи, одговорноста ќе биде на Александар Вучиќ и на сите кои според негова наредба спроведуваат линч врз политичките противници, предупреди Ѓилас во соопштението на ССП.
Свој коментар околу авторскиот текст на Александар Вучиќ во Политика денеска даде и лидерот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, кој за „Данас“ изјави дека „Вучиќ секојдневно го окупира целиот медиумски простор и дека авторскиот текст под наслов „Елита и плебес“ е посебен по тоа што Вучиќ ја изразува авторитарната и популистичката суштина на неговото владеење.
-Тој се преставува како Робин Худ, а всушност е Суперхик, антијунак од култниот стрип Алан Форд, кој одзема од сиромашните, а им дава на богатите. Тој се залага за владеењето на правото, а ја узурпира сета власт и граѓаните ги третира како поданици, рече Лутовац.
Тој порача дека „овој пат нема да има опозиција на изборите ако тие не се слободни и фер, и ако најмалку шест месеци пред одржувањето на изборите нема слободни медиуми и други основни предуслови за фер избори”.
Ново на Сител
-
Две години условна казна затвор за онкологот кој призна вина
-
Македонската дијаспора во САД го одбележа празникот Раѓање на Пресвета Богородица
-
Поголема соработка и нови инвестиции од Дубаи се очекуваат по нивната посета во земјава
-
Тошковски ја отвори конференцијата на европскиот огранок на американскиот ФБИ во Скопје
-
Еколошките инциденти доведуваат до хронично труење
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк