Ѓерлек: Лековите ќе бидат пресвртница во борбата со коронавирусот
Иновативните лекови ќе бидат пресвртница во борбата против коронавирусот, изјави денеска државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек и најави дека до крајот на декември во Србија пристигаат 10.000 дози од лекот „молнупиравир“ од Мерк, како и лекот на Фајзер, јави дописникот на МИА од Белград.
Ѓерлек предупреди дека во Србија во моментов има повеќе од 1.000 заболени пациенти секој ден и дека тоа е сериозна бројка што укажува дека нема простор за опуштање, но и оптимист дека 2022 година ќе биде „многу поповолна година “.
-Се надевам дека оваа, како и сите други пандемии, ќе ослабне по две години, изјави Ѓерлек за ТВ К1, посочувајќи дека омикрон сојот, кој се уште не е регистриран во Србија, „сигурно ќе пристигне“.
„Опколени сме, бидејќи омикронот е регистриран во Романија, Хрватска и Црна Гора. Коронавирусот постојано нè изненадува и мора да бидеме подготвени за најлошото сценарио“, нагласи Ѓерлек и додаде дека ни делта сојот на почетокот не даваше тешка клиничка слика. Тој кажа дека во Србија се прават истражувања дали ќе биде потребна четврта доза од вакцината, додавајќи дека во светот има недостиг од вакцини, но дека граѓаните на Србија не треба да се грижат за тоа.
-Имаме редовна испорака на вакцини на Фајзер, а во Торлак произведовме милион и пол дози од вакцината Спутник В. Дај боже да ги искористиме сите тие вакцини, изјави Ѓерлек, нагласувајќи дека Србија нема да дозволи да им истече рокот на вакцините, туку ќе им ги подели на оние што сакаат да ги примат.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
