Ѓеорѓијев: Голем е притисокот за хоспитализација на штипското Инфективно одделение
Петнаесет до 20 лекари, медицински сестри, техничари и болничари од Клиничката болница во Штип се заразени со Ковид-19 и се на домошно лекување. Директорот на Клиничката болница, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека заради големиот притисок од пациенти на Инфективното одделение, но и направената реорганизација на кадарот поради тоа што имаат еден дел заразени, засега не размислуваат да ја пуштат во употреба модуларната болница.
-Во моментов немаме потреба да ја активираме модуларната болница. Тоа е сериозен предизвик, бидејќи изискува многу кадар, а морам да кажам дека и ние сме погодени од овој бран на омикрон. Како штипска Клиничка болница имаме дел од нашиот персонал и докторски, сестрински и од техничкиот персонал кој е позитивен на коронавирусот и тие се во изолација, така што и тоа ни прави сериозни пречки не само да најдеме кадар, што ќе работи на Инфективниот оддел, туку и на останатите одделенија во Клиничка болница, вели Ѓеорѓијев.
Посочи дека веќе десеттина дена имаат притисок од пациенти со компликации од коронавирусот. Болничките кревети ги полни повозрасната популација, која не е имунизирана. Бројките покажуваат дека од 52 пациенти, само 10 се вакцинирани, а останатите не се имунизирани. Тој потенцира дека деновиве се во комуникација и со кочанската болница да почнат со хоспитализации на пациенти со коронавирусот, со цел да го намалат бројот на пациенти на Инфективното одделение. Во денешниот здравствен билтен се наведува дека има четворица починати пациенти на возраст од 60 до 80 години од Штип, Радовиш, Пробиштип и Делчево.
Директорот на Клиничка болница Штип забележа дека пациентите им доаѓаат во исклучително тешка здравствена состојба и затоа апелира населението кое не е имунизирано да се вакцинира на пунктовите во нивните градови. Во источниот регион во моментов има над 1.000 активни ковид случаи.
Ново на Сител
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата