Ѓеоргиевска на средба со штипските стечајци

Претседателката на Здружението на стечајни работници, Лилјана Ѓеоргиевска денеска имаше средба со штипските стечајци. Причината за средба е како што вели предлог законот, со кој ќе бидат опфатени и останатите стечајци, кои се уште не добиваат месечен паричен надоместок до нивното пензионирање.
- Имаме дадено амандмани, кои што треба да се разгледат и ако можеме да помогнеме и на оние фирми кои имаат променети матични броеви и тоа за оние работници кои што се останати до крај. Мора да се види бројката и дали има пари во Буџетот. Но, затоа пак го продолживме законот до 20 октомври, за да има време да се аплицира, вели Ѓеоргиевска.
Во Штип досега се издадени 300 позитивни решенија, а 180 стечајци добија негативни решенија, односно одбиени се да добијат месечен паричен надоместок.
Ново на Сител
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Терористички напад на плажа во Сиднеј
