Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција
а Грците денес денот осамна со нов бран поскапувања што беа побарани од кредиторите во замена за исплата на дополнителни средства за Атина од меѓународниот пакет помош, а најмногу поскапеа кафето и пивото.
Од денес данокот на додадена вредност (ДДВ) е зголемен од 23 на 24 отсто. Исто така зголемен е и данокот на интернет услуги, фиксна телефонија и на плаќањето на ТВ претплата.
Цените во Грција
Лебот чини од 70 центи до 1, 20 евра, литар млеко од 1 до 2, 5 евра, пакувањето со 6 јајца е околу 1, 20 евра, литар маслиново масло може да се најде и за 5 евра, јогуртот е од 2 до 4 евра, фета сирењето од 5 до 7 евра, а доматот до 1, 5 евра. Лубеницата е 80 центи за килограм, а лимонот околу 1 евро.
Гирото може да се купи од 2,5 до 3 евра, а толку чини и пивото. Парчето пица е 1, 5 евра, а бензините чинат 1, 34 евра.
Најновото зголемување на данокот наиде на остри критики од страна на сопствениците на малите компании, поради тоа што според нивните зборови ќе зададе удар на потрошувачката во земјата која се уште се опоравува од шестгодишната финансиска криза, која доведе до пад на Бруто домашниот Производ за една четвртина и скок на стапката на невработеност за 24 отсто.
Шестото зголемување на стапката на ДДВ за шест години и второто по ред во последните десет месеци, значи дека нашите животи од денес ќе бидат поскапи за 437 милиони евра годишно, додека истовремено секое зголемување на данокот ја крати потрошувачката, обртот и државните приходи, изјави директорот на Грчката конфедерација на претприемаштвото и трговијата, Василис Коркидис.
Ново на Сител
-
Жена и ставила перница на глава на бабата на својот сопруг и пробала да ја задуши
-
Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата
-
На „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ половина час
-
Русија ликува по Самитот на Трамп, а Путин наводно ги бара Доњецк и Луганск
-
Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа